Цуцуловски: Извинувањето на Заев е негов срам, Македонците се нешто друго!

Loading...

Професорот Љубомир Цуцуловски го оцени како личен срам на премиерот Зоран Заев извинувањето до Бугарите дека Илинденско востание го нарекол македонско, а Македонците нема за што да се извинуваат, ниту причина да се срамат.

„НЕГОВ СРАМ. Извинувањето на Заев пред бугарското раководство, како и пред бугарската држава затоа што Илинденското востание го нарекол македонско, е само негово лично извинување и само негов личен срам. Македонците нема што да се извинуваат, ниту имаат потреба да се срамат од непромислените изјави на овој човек, затоа што тој е едно, а тие се нешто друго“, напиша филозофот, писател, есеист и теоретичар на својот профил на „Фејсбук“.

 

Оставете Коментар