Цуцуловски: Консензуален претседател, што е тоа?

Професорот Љубомир Цуцуловски бара објаснување што значи тоа консензуелен претседател, тема која одново се отвора во пресрет на изборите за шеф на државата идната година.

„Дали некој (кој и да е) може да објасни што значи консензуален претседател, бидејќи претседателот на Република Македонија се бира на непосредни и општи избори, а не како резултат од договор помеѓу политичките партии.

Односно, дали тоа значи дека сите граѓани, кои ќе излезат на претседателските избори, својот глас треба да го дадат за еден ист кандидат или повторно се воведува некоја нова пракса, еднаква на ујдурма?“ пишува Цуцуловски на својот ФБ профил.

SHARE

1 Коментар

  1. КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛ Е НАЧИН НАРОДОТ КАКО ВО ФЕУДАЛИЗМОТ ДА НЕМА ПРАВО НА ЗБОР ИЛИ СВОЕ МИСЛЕЊЕ ИЛИ ДА ИЗБИРА КОЈ ЌЕ ГИ ВОДИ Т.Е.ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА ДРЖАВАТА …УШТЕ МАЛКУ И БИРАЊЕТО НА ПРАТЕНИЦИ ЌЕ БИДЕ КОНСЕЗУАЛНО .

Оставете Коментар