Професорот Љубомир Цуцуловски ја коментира информацијата од Грција дека премиерот Алексис Ципрас се обидува да обезбеди најмалку 180 гласови од вкупно 300 пратеници во Парламентот за евентуалниот договор со северниот сосед, ставајќи го тоа во корелација со македонските власти.

„МАЛА“ РАЗЛИКА. Додека во Грција се размислува да се зголеми процентот (бројот на гласови) на пратениците при евентуалното гласање за новото име на Република Македонија (ако дојде до тоа) во Република Македонија е обратно – се размислува како да се овозможи со што помал број гласови да се прифати (евентуалната) промена на името. Ова говори дека: (а) грчките власти веруваат во исправноста на она што го прават и (б) македонските власти ни самите не веруваат во она што го прават, бидејќи кога би верувале во исправноста на она што го прават, не би барале начини за намалување на бројот пратеници со кој би се прифатила евентуалната промена на името“, напиша Цуцуловски на својот профил на Фејсбук.

 

8 Коментари

  1. Од почеток на проблемот со името во ООН 1993. г., политички тела на ООН не разбрале дека не се само работи за „државно име”, туку се работи и за националниот идентитет, негирање на секој елемент на нашата нација, јазикот и култура.
    Сега се бара да потпишеме во спогодбата / компромис со Грција дека НЕ СМЕ МАКЕДОНЦИ и ДЕКА НАШАТА НАЦИЈА НЕПОСТОЈИ! Ова димензија на ИМЕТО никогаш не беше објаснета во ООН и државите членки на ООН не се свесни дека со проблематизирање на ИМЕТО се доведува во прашање националниот идентитет и култура на цел еден народ!
    Никаква Резолуција на Советот за Безбедност или на Генералнo собрание на ООН не може да инсталира механзам за БРИШЕЊЕ на ИДЕНТИТЕТОТ на еден народ и една држава!

  2. Би било добро кога професорот Цуцуловски би кажал како да се реши проблемот со разликата околу името без да се промени името. Резолуцијата 817 со која ни` е наметната обврска во преговори со Грција да најдеме решение, не вели дека треба да се промени името, туку да се реши разликата околу името. Дали Цуцуловски има некаков предлог како да се реши проблемот, а да не се промени името? Затоа што спорот МОРА да се реши.

  3. Најостро ја осудувам намерата на Владата да прифати антиуставна нестандардна процедура како преседан во меѓународното право, билатералниот Договор Заев-Ципрас за промена на името на државата, медијаторот Метју Нимиц да го поднесе на “прифаќање“ односно “ратификација“ во Советот за безбедност кој со препорака ќе го упати на потврдување во Генералното собрание на Обединетите Нации (како уверување пред Атина дека премиерот Зоран Заев трајно ја запечатил промената на името на државата Македонија).

    • Со тие глупости како Јаневистан овие од СДСМ само зголемуваат број потписници на Петицијата на Игор Јанев.

Оставете Коментар