Цуцуловски: Ништо не е готово, колку и да се смета дека е готово

Loading...

Професорот Љубомир Цуцуловски смета дека граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми, иако изгледа дека работата е завршена со договорот Заев-Ципрас за преименување на државата.

„ДОПРВА СЛЕДИ… Претседателот Ѓорѓе Иванов е дециден. Нема намера да го потпише Договорот со Грција. Од друга страна, претседателот (според Уставот) д о л ж е н е да го потпише, ако тој и по вторпат помине во Собранието или на референдум. Меѓутоа, ако некој е должен нешто да направи не следи дека тоа и ќе го направи. На пример, секој вработен е должен навреме да доаѓа и да си оди од работното место. Инаку, следаат санкции. Но, тоа не значи дека секој вработен така ќе постапува. Истото е и со Претседателот на Државата. Во случајов, би следела негова политичка одговорност, односно гласање за недоверба/импичмент. За да се изгласа недоверба потребно двотретинско мнозинство во Собранието. Тоа може да се постигне само ако опозицијата се приклучи кон парламентарното мнозинство или ако дел од опозицијата премине на страната на парламентарното мнозинство. Во тој случај следи: (1) Дека опозицијата, или дел од нејзините пратеници, не се искрени кога децидно тврдат дека се против Договорот и промената на името и (2) Ако се изгласа недоверба на Претседателот на Државата, ќе мора (покрај референдумот) да се организираат и предвремени претседателски избори. Исто така, не е извесно дали нема да дојде и до предвремени парламентарни избори. Како што е неизвесно и…

Според тоа, ништо не е готово, колку и да се смета дека е готово и, од друга страна, граѓаните на Македонија допрва ги чекаат уште многу неизвесности и проблеми“, напиша Цуцуловски на својот профил на „Фејсбук“.

 

10 Коментари

  1. Цуцуловски, зарем мислите дека преговарачите, НАТО, ЕУ се наивни и не претпоставија што може еден Иванов да направи? Мислите ли дека САД, НАТО, ЕУ ќе дозволат Иванов да спречи, да пропадне договорот и Македонија да не влезе во НАТО? Многу ме потсетувате на приказната со лисицата и мадината на овенот.

  2. Eden, ne mislime znaeme, ohoo kolku si prokleto naivno glup i providen u tvoite stavovi!! Its not over untill its over. Nato se raspaga citaj denesen Guardian ako si pismen uospte.

    Ke srusime se sto kopitoto Zaev moron strumicki i govedo odrodeno predavnicko bugarsko. Ko kula od karti a posle e posle ke bide interesno… da citiram edna negova izjava ke jademe zivi deca :))

  3. Знам бе Мартин. Се` се распаднало. Се распаднала Отоманската империја, ама после 500 години, се распаднало Римското царство, ама после 850 години, се распаднала Византија ама после 1100 години. Ќе се распадне и оваа империја на САД олицетворена во НАТО. Но јас и ти, а и многу, многу генерации после нас тоа нема да го доживеат. Џабе губиш време. Ништо нема да срушите. Јас ти препорачувам да почнеш да го живееш животот и да уживаш во него. Да не си губиш време попусто. Се сменија времината. Македонија тргна по еден нов пат, многу поразличен од тој до сега. Ништо не множе да го попречи тој пат. Нема враќање назат. ВМРО-ДПМНЕ е минато. Доаѓа подобар живот. Македонија ништо нема да изгуби. Напротив. Прилагоди се на промените за да ги дочекаш спремен.

  4. Еве и малце да се насмееме. Смешка оди вака.
    По 48 часа, според Договорот, МНР известува со Нота 190 држави во ООН дека од овој момент ние сме Република Северна Македонија.
    Потоа, Иванов применува контра-акција, бидејќи смета дека спогодбата е НЕЛЕГАЛНА.
    Тој праќа своја Нота до истите 190 држави на ООН во која се вели да писмото од МНР или Влада НЕ ЗИМААТ во предвид и обзир и дека НИЕ сме Република Македонија, повикувајќи и тие други држави што досега не не признале под уставното име ТОА да го сторат и да не признаат под Република Македонија !!!
    Сега се поставува прашање! Које писмо државите (членките на ООН) да земат во обзир? Да ли оно пратено од МНР и Влада или оно друго писмо од Претседателот на Република Македонија, во кое се вели дека ние сме Република Македонија!
    Во смешките понекогаш има и нешто реално, а и возможно или опасно.
    Хахаха!

Comments are closed.