Цуцуловски за МАНУ: Беда без дно!

Професорот Љубомир Цуцуловски жестоко ја искритикува Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) за вчерашната расправа за договорот Заев-Ципрас, во која „научниците и уметниците станаа ученици/послушници на политичарите“.

„БЕДА БЕЗ ДНО. Што може да се очекува од некоја академија на науки и уметности, ако во нејзиниот прв ред се сместиле домашни и странски политичири? Што може да се очекува освен несфатлива човечка и духовна беда? Денес, во МАНУ, се случи токму тоа – научниците и уметниците, седнати во задните редови, станаа ученици/послушници на политичарите. Оттука, не може ни да се замисли да бидат еден покрај друг Блаже Конески и Ацо Шопов, од една страна и, од друга страна, Камбовски или Таки Фити, бидејќи помеѓу првите и вторите не постои провалија, туку бездна. Тоа се два паралелни света, помеѓу кои не постои никаква допирна точка, макар таа точка била самото дно“, напиша Цуцуловски за научната расправа на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“.

 

4 Коментари

Оставете Коментар