Цветковска: Мицотакис, Иванов, Мицкоски и Каменос се деструктивни сили

Новинарката Сашка Цветковска во ист кош како најстрашен сојуз ги става претседателот Иванов, лидерите на грчката и македонската опозиција Мицотакис и Мицкоски како и сојузникот на Ципрас, министерот за одбрана Каменос.

За новинарката која има добиено неколку награди за новинарство а важи за поддржувач на политиките на владата на Заев наведените политичари своите политички кариери ги врзуваат единствено за Александар Велики кој го нарекува мртов убиец

“Нема пострашен сојуз од оној на Мицкоски, Иванов, Мицотакис, Каменос и други мрачни деструктивни сили поддражни од разно разни мешетари кои не сакаат да дозволат мир и прогрес бидејќи така се доведува во прашање нивното постоење во политичкиот пејсаж. Што би правеле овие луѓе ако немаат мртви убици и разни коњи и силеџии од пред милион години да ги чуваат и бранат, божем нас не бранат. Што тие направиле за своите граѓани, каква вредност оставиле?! И попатно да владеат без знаење, без култура, примитивно и десктруктивно. Она што ме радува е, се чини, тешко ќе им успее. Оставете ги луѓево конечно да почнат да градат општество во кое врвните приоритети ќе бидат благостојстојбата, мирот и сигурноста на граѓаните.

Цветковска со својот став го следи наративот што го започнаа експерти блиски на СДСМ кои што Заев го ставаат во групата прогресивни луѓе со Меркел, Макрон и Трамп а Иванов и Мицкоски во групата со Ердоган, Орбан и Путин.

SHARE

Comments are closed.