Loading...

Аналитичарите Жил Парго, Алон Бен-Меир и Арбана Џара, во напис објавен од TransConflict во EuroAsia Review, се на мислење дека на Турција не ѝ е местото во ЕУ и дека Брисел треба да развие нова дипломатска стратегија кон Турција и кон нејзиното растечко влијаниое на Балканот.

Со сојузот на Анкара со Москва и Техеран и по самитот на лидерите на трите земји на почетокот од април, Ердоган се обидува да се наметне како„лидер на муслиманскиот свет “… го користи исламот како нов национален идентитет на Турција и ја менува политиката на „нулта проблеми со соседите” кон политиката на проблеми со секој сосед, што е проблематично сметаат авторите на споменатиот напис.

„Авторитарниот и стратешки пресврт на Турција бара од ЕУ да развие нова дипломатска стратегија кон Турција. Под раководство на Ердоган, Турција очигледно не е она на што што (ЕУ) се надеваше дека ќе биде – модел на исламска демократија која ги исполнува главните барања на ЕУ“.

Тие советуваат процесот на пристапување на Турција во ЕУ треба да заврши и дека ЕУ не треба да ги проширува своите трговски врски со Турција, освен ако човековите права не почнат целосно да се почитуваат во таа земја.

„Зголеменото влијание на Турција на Балканот не може да се игнорира, каде што Турција систематски се зацврстува со зголемување на нејзиното комерцијално и културно присуство (…) Промоцијаа на исламските студии и изградба на нови или рехабилитација на старите џамии во Босна , Косово, Македонија, Албанија и Србија ги претставуваат најновите аватари на ова нео-отоманско влијание, обоено со политички ислам, од Турција до Европа “, се вели во написот.