Loading...

По неодамнешните извештаи за повлекувањето на признавањето на независноста на Косово од страна на Либерија, српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека најмалку 12 земји во моментов го преразгледувале својот став кон Косово.

„Многу земји го признаа Косово без вистински информации и сега… ги преразгледуваат одлуките, па затоа имаме причина да веруваме дека бројот на признанија ќе падне под 100, а потоа таканареченото ‘Косово“ може само да сонува да стане дел од меѓународните организации“, изјави министерот за надворешни на Србија.

Косовскиот колега на Дачиќ, Беџет Пацоли, ги негираше вестите дека Либерија го повлече признавањето на државноста на Косово, пишува приштинска „Газета експрес“.

3 Коментари

Comments are closed.