Шефот на српската дипломатија отфрли било каква идеја за демаркација на  границата помеѓу Србија и Косово,  во врска со информациите дека Приштина подготвува тимови кои ќе ја обележуваат граничната линија.

„Каква демаркација, добро знаете дека постои административна линија која ја контролира КФОР речиси 20 години“, изјави денеска Ивица Дачиќ.

Министерот потсети дека во неколку наврати истакнал дека во Белград нема дилеми  околу тоа дали се сака компромис со Приштина, но вели дека и другата страна треба да се изјасни дали го сака тоа.

„Дијалогот ќе продолжи во септември, како што рече претседателот Александар Вучиќ“, рече Дачиќ, пренесува Б92. 

Во врска со изјавите за припојување на општините од југот на Србија, Бујановац, Медвеѓа и Прешево, кон Косово, Дачиќ рече дека тоа се „празни приказни“.

Тачи не верува дека Албанија е против припојување на Прешевска долина кон Косово