Една од работите што ја прават држава уникатна е географијата – нејзиното место на планетата, нејзините пејсажи, планини, реки, езера, долини, полиња… се што има.

Но, што е со луѓето? Што ги прави Македонците да бидат посебни?

Секако јазикот е една од особеностите. Но, што ако јазикот исчезне затоа што никој не го изучува, говори, не го пишува или пее на него, не го користи во културата? Дали со тоа јазикот ќе почне да бледнее од сеќавањето, а со тоа, дали ќе се загуби и дел од македонската посебност? Мислам дека го знаете одговорот на ова прашање.

Што друго ја прави Македонија посебна?

Нејзината култура на пример. Иако културата е тешко да се дефинира, можеме да се согласиме дека таа ги подразбира историјата, традицитие, верата, музиката, поезијата, уметноста, па дури и нешта како спортот и други особености. Што се случува кога овие нешта ќе се хомогенизираат?

…Ги поставувам овие прашања бидејќи во овој текст сакам да го отворам договорот Заев – Ципрас од еден друг агол и посочува пример:

„Членот 6 од договорот посочува што е прифатлив, а што е неприфатлив говор. На пример, како што напиша еден коментатор на Твитер, Грција може да смета дека изјавата „мојата мајка беше родена во Лерин, Егејска Македонија“ е дел од „непријателските активности, акции и пропаганда“ и дека со неа „се поттикнува шовинизам,  непријателство, иредентизам и ревизионизам“. Грците ќе бараат да се стави крај на ваквиот говор. Грчките барања ќе бидат упатени до приватни лица. Кога веќе не можете да кажете такво нешто, вашата особеност ќе се смени.

Целиот текст на Џејсон МИко на Свест.МК.

SHARE