Премиерот Зоран Заев како граѓанин на Република Македонија, доставил барање за согласност за поставување електронски екран и самиот го платил, почитувајќи ги сите процедури, и добил согласност за поставување на бројчаникот на кој ќе бидат објавувани парите што ќе бидат враќани во буџетот на Република Македонија, изјави портпаролот на владата Миле Бошњаковски во петокот.

„Се разбира дека имало постапка, процедура и документацијата е комплетна од доставувањето на барањето, преку одобрувањето до поставувањето“, рече портпаролот.

Но, Комисијата за анализа на проектот „Скопје 2014“ оценила дека „Порта Македонија“ е дивоградба.

„Споменикот Воин на коњ и Порта Македонија се дивоградби и затоа треба или да бидат отстранети или да бидат легализирани“, изјави неодамна претседателот на Асоцијацијата на архитекти Мартин Пановски, кој беше дел и од Комисијата за анализа на Скопје 2014, во интервју на Радио Слободна Европа.

SHARE

Comments are closed.