На 62 заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк, одржано на 26 септемри 2007 година, тогашниот претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, помалку возбуден, на крајот на неговото излагање ги кажа неповторливие зборови:

„Моето име…Името на мојата земја е Македонија“.

Претседател на Обединетите нации во тој период беше амбасадорот Срѓан Керим.

Во моментите на обраќањето на тогашниот шеф на македонската држава, Црвенковски, салата ја напушти грчката делегација на чело со тогашната министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, која, по слетувањето во Атина, чинот го оцени како провокација.

 

Иванов го потсети Светот: Ние сме Македонци и нашата држава е Република Македонија (ВИДЕО)

SHARE

Comments are closed.