Дали „Илинденска“ е се уште на маса, прашува грчката опозиција

 

Главната опозициска партија Неа Демократија го прашува премиерот Ципрас дали предлогото „Илинденска Македонија“ е се  уште на маса со констатација дека молкот на премиерот создавал загриженост во грчката јавност.

Потпретседателот на Неа демократија, Костас Хаѕидакис,  вели дека од премиерот на два пати било побарано да се изјасни за ова, но „Ципрас на два пати се преправи дека не го слуша…

Господин Ципрас треба денес јасно да одговори на прашањето на Неа демократија, вели Хаѕидакис, како што пренесе МИА.

SHARE