„А професоров што правеше во 2004 година кога Владата организираше бојкот, пропагираше и застрашуваше ? Да се разбереме, и ваквите пораки се облик на притисок и заплашување (ќе завршите во затвор ако повикувате на бојкот). Ние, всушност, и не треба да чини е ништо – само да си седиме дома. Бојкотот е законски гарантирано право и професоров го крши со тоа што се заканува“, напиша професорката Биљана Ванковска на нејзиниот Фејсбук профил коментирајќи го ставот на академик Владо Камбовски дека организирањето бојкот е казниво дело, во изјава за порталот „Сакам да кажам“  .
„Читам се намножиле „правни експерти“ кои велат дека било казниво организирање на бојкот, т.е. неспроведување/непочитување на одлука на државен орган.

Прво, да ги потсетиме дека е ова (според власта), КОНСУЛТАТИВЕН (незадолжителен) референдум, а никој не смее да присулува некого да гласа. Тоа е право, а не должност.

Второ, одлуката на Собранието е нелегална и граѓаните имаат политичка и морална обврска да непочитуваат нелегитимни и нелегални одлуки на режим.

Трето, па нели Шарените повикуваа на граѓанска непослушност? Што стана со нив?

И конечно, умирам од смеа замислувајќи како изгледа „организирање бојкот“, т.е. седење дома, правење ајвар, одење на прошетка, на пат, итн. Или, планираат да ги апсат сите што отворено заговараат бојкот/воздржаност во однос на референдумот? Ќе почнат од Милошоски и Стоиљковиќ, или од нас“?- пишува Ванковска.

Камбовски: Организирање бојкот за референдум е казниво со закон

 

Оставете Коментар