Дали се наѕира „орбанизација“ на европскиот хоризонт! 

Не толку одамна унгарскиот премиер беше нарекуван, „лошо момче“, политички хулиган кој глупаво се обидува да ја оспори политичка коректност на Брисел, но денес се чини „еретичките“ идеи на Виктор орбан, особено оние околу третманот на мигрантите, молкум како се повеќе да стануваат прифатливи..

Во април 2012 година, Орбан во Брисел говореше дека неговата земја е „лабораторија за Европа“, сугерирајќи дека она што денес се чини контроверзно во Унгарија, утре ќе стане норма за остатокот од ЕУ.

И така, денес, „се повеќе и повеќе водачи на ЕУ го имитираат Орбан, кој не само што станува главен, туку се чини дека е единствениот визионер во Европа“, оцнува порталот „Euroactiv“.

-Орбан се закануваше со затворски казни за невладините организации кои се залагаа за помош на мигранти?

Денес, Италија е блиску да го направи истото со новата влада и новиот министер за внатрешни работи, Матео Салдини, кој ги нарекува невладините организации „нелегални шверцери“.

-Орбан се залагаше за кампови за мигранти надвор од ЕУ?

Денес, во ЕПП оваа идеја станува мејнстрим.

Орбан сакаше да ги депортира сите илегални имигранти?

Денес, тоа е програма на италијанската влада и, многу веројатно, е дел од изборните платформи на политичките сили ширум Европа.

Орбан ги враќаше назад мигрантите?

Денес ЕК престана да вели дека враќањата се нелегални и ги држи очите „широко затворени“  кога бегалците се запираат и се испраќаат назад во либиските или туниските кампови спонзорирани од владите на ЕУ.

 

Оставете Коментар