Дали сте и вие загрозени – пробиени 50 милиони профили на Фејсбук

Сопственикот на Фејсбук Марк Закерберг вечерва објави дека заради пробивање на заштитните протоколи на компанијата се загрозени податоците на дури 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа.

Непознат хакер успеал да го пробие кодот за пристап на копчето за автоматски влез во профилот на корисниците односно тој дошол во можност без проблем може да влезе во било кој од овие профили.

Доколку во текот на денот Фејсбук автоматски ве одлогирал и од вас побарал да се логирате повторно тоа може да значи дека и вие сте меѓу загрозените профили.

Освен кај 50 милиони корисници заштитни процедури се спроведени и на други 40 милиони профили.

Компанијата појасни дека напаѓачите успеале да ја искористат ранливоста во карактерите што им овозможува на корисниците својот профил да го видат на начин на кој тој им се прикажува на сите останати корисници.

Програмерите на фејсбук пропустот го откриле на 25 септември и го „закрпиле“ пропустот и за сè ја информирале полицијата.

Утрово околу 90 милиони корисници на Фејсбук морале да се одјават и повторно да се пријават на својот профил, што е вообичаена безбедносна процедура при вакви ситуации.

Засега непознат број од загрозените корисници се од Македонија.

SHARE