Трендафил Ивановски, поранешен претседател на Уставниот суд вели дека треба да се размислува за референдумското прашање кое ќе обедини три значајни елементи: позитивно изјаснување на граѓаните за стапувањето на земјата во сојуз со други држави, како и за промената која е направена со постигнатиот договор со Грција, а сето тоа тоа да биде поттик и за гласање на опозицијата, пишува „Плусинфо“.

Со рефрендумско прашање, „Дали сте за Северна Македонија да влезе во сојуз со Северноатлантската алијанса – НАТО и со Европската унија?“, смета Ивановски „ќе се поттикнат и тие што се противат на Договорот со Грција, односно опозицијата да излезе на гласање која исто така има јасен став во однос на евроатлантските интеграции.

Ивановски, за „Плуснфо“ вели дека би било погубно за најголемата опозициска партија, ако гласа против влегувањето во НАТО и ЕУ.

4 Коментари

  1. Vo kakva forma i da bide prasanjeto referendumot e programiran da uspee bez razlika dali ke izlezat etnickite Makedonci na glasanje ili ne. Ako bojkotiraat uspeva ako izlezat pak “ uspeva” so sto se gubi sekakvo moralno pravo ponatamu da se narekuvame Makedonci. Zaklucok: BOJKOT

Оставете Коментар