Дали Трамп ќе „изненади“ на самитот на НАТО?

Европските лидери се на штрек пред самитот на НАТО во Брисел, поради стравувањата дека претседателот Доналд Трамп ќе ја повтори неговата закана дека ќе ја повлече американската воена заштита за сојузниците и покрај спротивните уверувања од официјалните претставници како секретарот за одбрана, Џејмс Матис.

Висок официјален претставник на ЕУ за Си-ен-ен изјави дека членките на НАТО се подготвуваат за најлошото сценарио на самитот, кој започнува денес, ако Трамп да ја повтори својата закана да ја прекине или да ја намали одбранбената соработка со сојузниците на НАТО кои не се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на 2 отсто од бруто домашниот производ до 2024 година.

Овој чекор би ја загрозил идејата за колективна одбрана што е централна за идентитетот на НАТО поради што Европејците се загрижени.

Ова ја ја радува Москва пред состанокот на Трамп со претседателот Владимир Путин во Хелсинки, Финска, коментира Си-ен-ен.

SHARE