Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го бојкотира референдумот? (ВИДЕО)

Loading...

„ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно“, соопшти генералниот секретар на најголемата опозициска партија, Игор Јанушев, одговарајќи на прашањето дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата.

Милошоски, преку својот Фејсбук профил најави дека ќе го бојкотира референдумот зашто референдумското прашање кое е манипулативно, на консултативен референдум и спротивно на Уставот „не заслужува одговор“.

Јанушев рече дека ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе каже дали ќе го бојкотира референдумот.

 

Оставете Коментар