Дамаск го осуди нападот, Асад се појави на работа (ВИДЕО)

Официјален Дамаск ја осуди, какошто се нагласува, „варварската и брутална агресија“ на западните земји врз Сирија.

Нападит што ги извршија САД, Велика Британија и Франција, според сириските власти требало да ја спречат мисијата на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЦВБ), која требаше да почне денеска во Дума, со задача да утврди дали на 7 април навистина бил извршен напад со хемиско оружје.

Во меѓувреме на Твитер, сириската влада објави видео од претседателот Башар ел Асад како утринава доаѓа на работа, иако некои медиуми претходно објаија дека тој бил наводно евакуиран во руска база.

SHARE