Данев: Нема да учествувам во никакви пост-референдумски договори за промена на Устав

За мене како пратеник спогодбата од Нивици е отфрлена од Македонскиот народ и нема по никаква цена да гласам за уставни промени со цел промена на нашето уставно име, и се обрати на јавноста координаторот на паратеничката група на ВНРО-ДПМНЕ во парламентот, Драган Данев.

Тој во неделата беше еден од неколкумината пратеници на оваа партија кои излегоа и гласаа на референдумот, што предизвика бурни реакции кај јавноста кој не го поддржа гласањето.

„Почитувани граѓани, на крајот од денешниот историски ден чувствувам потреба да одговорам на сите инсинуации и неаргументирани обвинувања. Од првиот ден бев еден од најголемите критичари на спогодбата од Нивици, еден од прво потпишаните подносители на кривична пријава за велепредавство против Заев и Димитров и бев убеден дека само граѓаните се тие кои треба да се произнесат околу спогодбата, а не ние како претеници во Собранието на Р.Македонија, верувајќи дека граѓаните секогаш носат правилна одлука“, напиша Данев во својот фејсбук пост.

Почитувајќи ја недвосмислената волја на Македонскиот народ, продолжува пратеникот, почитувани граѓани бидете сигурни:”За мене како пратеник спогодбата од Нивици е отфрлена од Македонскиот народ и како досега, така и од сега, нема по никаква цена да гласам за уставни промени со цел промена на нашето уставно име РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!“.

Во постскриптумот на својот пост, Данев уште еднаш потенцира дека:„…нема да учествувам и да поддржам апсолутно никакви пост- референдумски договори со цел изигрување на референдумската волја на граѓаните на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“.

SHARE