Дарко Митревски го убеди Јани Бојаџи, “Ругање со Христос” не оди “во бункер”

Режисерот “Ругање со Христос” сепак нема да учествува на само еден светски фестивал во Монтреал каде што доби награда.

По емотивната порака од колегата режисер Дарко Митревски, авторот на филмот Јани Бојаџи одлучи и покрај блокадата од министерот за култура и премиерот и заканите од УЧК да ја промени одлуката.

“Дарко е во право! 100%! Не затоа што е единствен од македонските колеги кој ми напишал што и да е во знак на подршка, па е логично да е сосема во право, туку затоа што е во право!

Нема да ми биде криво ако се ,,посипам со пепел на главата,, или ,,ако си го симнам нишанот од челото,, па си признаам дека сум погрешил со некои работи!

Особено што најверојатно избрзав со тоа што му скратив на филмот неколку навистина важни фестивалски претставувања. Но, што е тука е.

Сега, ќе се обидам да исправам таму кај што може да се исправи, но во секој случај за утре веќе подготвуваме неколку нови апликации.

П.С. Инаку, јас и Дарко Митревски не се познаваме. Дури мислам дека никогаш се немаме сретнато. Но, му благодарам бескрајно. Убеден сум дека не се тоа само зборови кога кажува дека ме разбира ,,низ што се минувам во овој момент,,. Да е жив и здрав”, напиша Бојаџи во врска со неговата одлука светот сепак да го види филмот што е цензуриран од властите без воопшто да биде виден.

Што му порача Митревски на Бојаџи предходно:

Дарко Митревски му за’ржа на Јани Бојаџи: Правиш грешка со “Ругање на Христос”

Оставете Коментар