Дарко Митревски: Сменете го името и сè сте смениле

Режисерот Дарко Митревски, кој минатата недела на Владата ѝ порача дека греши со промената на името и веднаш беше нападнат дека ги менува ставовите, со писмо објаснува зошто промената на името значи целосна промена на идентитетот.

„Почитувани сонародници,

Чувствувам лична, човечка потреба да одговорам на повиците за јавна дебата што деновиве фрчат од разни страни и да се вклучам во неа. Се надевам дека нема да ме сметате за натрапник само затоа што живеам во друга земја и под друго знаме, со соседите зборувам друг јазик и на јавни свечености пеам друга химна – бидејќи со вас сè уште делам ист идентитет.

Додуша, уште некој ден. Додека не го смените.

Знам, знам дека верувате дека вие не менувате идентитет, туку име. Знам и ве разбирам, затоа што сите така ви зборуваат и во тоа ве убедуваат.

Арно ама, не е така.

Имено, името означува идентитет.

Ако не ми верувате, ѕирнете си ја личната карта: таму има фотографија со вашиот лик, а до неа стои име и презиме со кое тој лик се именува.

Сменете го тоа име и одеднаш сите ваши документи стануваат неважечки: самата лична карта, вашиот пасош, вашата возачка дозвола, вашиот извод од книгата на родените, венчаница, имот запишан во катастар, членска карта од партија или библиотека… Сè што дотогаш се однесувало на вас ќе мора да се ревидира, вклучително и називот на вашиот фејсбук-профил.

Чудна сила имаат имињата. Дури и предметите се безлични сè додека не ги именуваме, а камоли, пак, луѓето и народите. Античките комедиографи оделе дотаму што дури тврделе дека „nomen est omen”, односно дека името е знак не само за тоа кои сме, туку и какви сме…

Се разбира, никој од нас не е сосема задоволен од тоа каков е.

Целото писмо на мкд.мк

 

SHARE

Comments are closed.