Дебакл на сојузниците на Меркел во Баварија!

Христијанската социјална унија (ЦСУ), баварската сестринска партија на Христијанско-демократската партија германската (ЦДУ) нa канцеларка Ангела Меркел, на денешните локални избори во Баварија забележа најлош резултат од 1950 година.

Ројтерс објави дека гласовите на ЦСУ отидоа кај ултрадесничарите што може да предизвика уште една криза во германската влада.

Според излезните анкети објавени од страна на германската државна телевизија ARD, ЦСУ освои 35,5 отсто од гласовите и со тоа го загуби апсолутното мнозинство во парламентот во Баварија што се случува втор пат од 1962.

Овој исход сигурно ќе ја охрабри внатрепартиската борба во партијата која според Ројтерс, веќе претставува „тежок“ во владата на Меркел во Берлин.

На второ место според истите анкети е партијата на Зелените(18,5%), на трето екстремната десница Алтернатива за Германија (AFD), која освои 11% од гласовите и за прв пат влегува во баварскиот парламент.

Ројтерс забележува дека ова значи дека ЦСУ ќе мора да формира коалициска влада, пто би било  понижување за партијата која е навикната да  владее сама.