Дебакл на судијката Цаца – Николовска во дуелот со проф. Апасиев (ВИДЕО)

Судијката Маргарита Цаца Николовска во вечерашното гостување на „Само вистина“ на телевизија Канал 5 доживеа тежок професионален пораз во соочувањето со професорот Димитар Апасиев.

Темата беше денешната одлука на Уставниот суд за референдумот.

Членот на президиумот на Левица ја “торпедираше” екс судијата во судот за човекови права во Стразбур од 1998 до 2008 година со прецизни цитати од уставот и законот за референдум на кои судијката немаше соодветни одговори.

Цаца која важи за блиска на политиките на СДСМ избегна да зборува за Законот за референдум затоа што според неа тој има одредени проблеми во врска ао уставот.

Според неа за референдумското прашање, најважно е тоа да биде разбирливо за граѓаните.

“Не можам да ја коментирам одлуката на Уставниот суд бидејќи не сум ја видела, тогаш ќе може повеќе да се дискутира. Што се однесува до прашањето, јас не сакам да го спомнувам Законот за референдум, затоа што има одредени проблеми врзани за Уставот. Би сакала овој проблем да го истретирам од уставна правна гледна точка. Бројот на прашања не е спорен, најважно е дали прашањето е јасно, суштинско и дали граѓаните можат да го разберат”, изјави Цаца Николовска.

Жестоката дебата на Само вистина на Канал 5