Основното општинско училиште „Братство единство“ од Дебар во иднина ќе го носи името „Пенестија“ (старо име на Дебар според албанските историчари), додека средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ е преименувано во „28 ноември“.

Промената на имињата е соопштена денеска во рамките на пригодните програми организирани по повод 28-ми ноември, Денот на незвисноста на Република Албанија и Денот на албанското национално знаме.

По добиеното решение од Министерството за образование и наука, имињата и официјално се внесени во Централен регистар.

Претходно Советот на општина Дебар, во почетокот на октомври по вторпат усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот, со запазување на потребниот број гласови според „баденетер“.