Денеска бројчаник на „Порта Македонија“!?

Ветениот бројчаник кој ќе покажува колку од украдените пари се враќаат во буџетот, би требало да биде поставен денеска на „Порта Македонија“, дознава ексклузивно порталот „Фактор“.

Премиерот Зоран Заев го најави „бројчаникот“ во предизборната кампања во 2016.

Во април годинава, Заев, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека тој лично ќе го плати бројчаникот кој чини околу 5-6 илјади евра, но дека враќањето на парите не зависи од него, туку од правосудните органи кои треба да пресудат дали и кој виновен и колку пар треба да врати.

Правосилна пресуда за враќање на пари во буџетот доби новинарката Ивона Талевска, која треба да врати 1.145.900 денари затаен данок и поранешниот градоначалник на општина Центар Владимир Тодоровиќ кој поради отштетување на буџетот врати 443.000 евра, пишува порталот „Сакам да кажам“.

Премиерот од свој џеб ќе плати бројчаник за вратените украдени пари (ВИДЕО)

 

Оставете Коментар