Третата фаза од спасувачката операција е во тек и денеска се очекува да бидат извлечени последните 5 од  12 деца и нивниот тренер кои 17 дена се заглавени во поплавената пештера во северен Тајланд.

Осум од 12 деца заглавени во лавиринтот на поплавените пештери беа ослободени во двете претходни фази од операцијата, која започна во неделата.

„Сите пет од нив ќе излезат денес“ беа информирани новинарите на денешниот брифинг.

Вкупно 19 членови се вклучени во мисијата за спасување, меѓу кои и припадници на специјалните сили на тајландската морнарица и странските експерти.

Во меѓувреме, осумте деца кои се спасени се добро, и физички и психички, соопшти официјален претставник на Министерството за здравство.