Надја Мурад, која беше киднапирана со други жени од Јазиди во август 2014 година, кога нивното село во северен Ирак било нападнато од џихадисти на Исис џихадисти, заедно со гинекологот од Конго Денис Мукаве се заеднички добитници на Нобеловата награда за мир за 2018 година.

Мурад (25) е вториот најмладиот лауреат на Нобеловата награда за мир по Малала Јусафзаи, која имаше 17 години кога доби „Нобел“ во 2014 година.

Лауреатот на Нобеловата награда за мир Денис Мукеве е помошник кој го посвети својот живот на одбраната на жртвите на сексуалното насилство во време на војна.

Според Нобеловиот Комитет докторот од Конго, Денис Мукеве, е „најистакнатиот, најобединувачкиот симбол на национално и на меѓународно ниво во борбата против сексуалното насилство во војна и во вооружени конфликти“, пренесе Гардијан.

За Нобелова награда годинава беа номинирани 331 лица и организации.

SHARE

Comments are closed.