Дервиши: Албанците од Албанија, Косово, Прешево и Македонија во една фудбалска репрезентација

Портпаролката на Фудбалскиот сојуз на Албанија Јона Дервиши посакува еден ден сите албански фудбалери од таканаречениот Илирски полуостров да играат за една репрезентација.

Коментирајќи ја победата на Швајцарија за српски медиуми на албански јазик изјавила дека орлите на Шаќири и Џака по мечот со Србија се порака за Белград.

“Не беше тоа нормален меч туку натпревар за гордост. Албанските орли скриени под плаштот на Швајцарија успееа да се воздигнат и да полетаат и така да испратат порака до Србија дека се бориме за мир а не за војна.

Дервиши воопшто не крие дека сонува за “голема репрезентација” на Албанија.

“Длабоко во срцето целосно верувам дека еден ден ќе играме под едно знаме и дека сите наши фудбалери ќе бидат од Илирскиот полуостров, Албанија, Македонија а исто така не можам да замислам да не бидат и од Прешевската долина”, вели високиот функционер на Албанската фудбалска федерација.

SHARE