Дијаспората направи дупка од 84 илјади гласови за власта на референдумот

Само околу 3 % од дијаспората се пријавила да гласа на референдумот за името.

До истекот на рокот се пријавиле 2.855, но, 100 пријави Државната изборна комисија не прифати поради неисполнување на законските основи, односни, дел од нив патните исправи биле со истечен рок, или пак немале адреса на живеење во Македонија.

Нашинците по светот ќе гласаат во 33 дипломатскко конзуларни претставништва. Најмногу се пријавиле во Берн, 321, во Венеција. 258, Љубљана 217, Брисел 71, Рим 51, Вашингтон 45, Абу Даби 26.

Во избирачкиот список како иселеници се евидентирани околу 87.000 лица.

Тоа значи дека за власта цензусот станува уште потешка мисија.

Освен со брутална кражба власта нема начин да го надополни минусот од околу 84 илјади гласачи во дијаспирата кои сега, доколку не се вратат во Македонија, воопшто нема да ги дадат своите гласови а ќе ги има на изборниот список.