ДИК: Успешноста на референдумот ќе се оценува според лична перцепција

Кога ќе завршат преговорите за членство во ЕУ, во Македонија ќе треба да се распише уште еден референдум за членство во Унијата и тој мора да биде задолжителен. За членство во НАТО, пак, Македонија веќе донесе одлука во Собранието во 1993 година, соопшти Државната изборна комисија на брифинг со новинарите за подготовките за референдумот.

Од Комисијата истакнаа дека има разлика помеѓу консултативен и обврзувачки референдум и тоа голема.

Токму поради тоа што е консултативен, ДИК за овој на 30 септември нема да даде оценка дали бил успешен или не, односно ќе бидат соопштени само техничките детаљи, како излезност и која опција колку гласови добила.

Ставот на ДИК покажа колку голем простор има Владата за толкување на успешноста на референдумот. Дали тој е успешен ако има цензус, без разлика на тоа кој за што гласал, или успешен е и ако нема цензус, ама повеќе гласови има „за“. Владата и останатите пропоненти на опцијата „за“ веќе почнаа со „мисловни гимнастики“ за тоа каков резултат на референдумот би значел обврска, макар и морална, за пратениците да ги извршат болните уставни промени

SHARE