Димитров: Доктрината на Македонизмот е пречка за односите со Бугарија

Антибугарските митови и стереотипи создадени во времето на Југославија и доктрината на македонизмот и понатаму се пречка за целосна билатерална комуникација, вели во интервјуто за бугарскиот весник „Дневник“ историчарот Ангел Димитров, шеф на бугарскиот дел од македонско-бугарската експертска комисија за историски и образовни прашања, формирана според Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

Димитров во интервјуто вели дека треба да се знае „дека во современата Македонија постои неизвесен идентитет, поради неколку луѓе кои ја создаваат генезата за постоење на македонска нација. По 1944 година беше силно наметната тезата дека Македонците се посебен словенски народ, кој секогаш бил нешто самостојно, отсекогаш бил нападнат и асимилиран од соседите. Ова беше класична теза на македонизмот. Се разбира, во дел од македонското население, кое не е толку младо, се задржува генеричкото сеќавање и тие скриено знаат за бугарската позадина на постоењето.

За ослободувањето на Македонија во Втората светска војна Димитров вели дека е тоа еден понов мит создаден во комунистичката ера, дека имало силен отпор и дека дошла самата до својата државност.

„Ова доаѓа како негирање на улогата на бугарската војска во протерувањето на Вермахтот од Вардарска Македонија. Но, вистината е сосема поинаква – глобалниот тек на воена акција ја прави Југославија слободна, а локалните партизани во Македонија се незначителни. Дури и германските документи покажуваат дека не ги гледаат како сериозен непријател и дека нивниот единствен непријател(на фашистичка Германија) е бугарската војска. Ова се вистинските факти. Друга страна на пропаганда, базирана на идејата за самостојност, на свој начин и на државност, е барањето за малцинствата надвор од Република Македонија. Јасно е наведено во Договорот за соседство дека нема да има повеќе барања и ова е крај на каква било пропаганда поврзана со ова прашање.

Сепак, ние многу јасно сакаме со нашите колеги да ги разјасниме феномените, настаните, фактите кои веќе биле побиени од текот на историското време.

За Димитров постои уште еден мит, а тоа е митот за т.н. отпор против бугарските окупатори. „Овој отпор, всушност, се состои од герилците (партизаните) на Тито, под раководство на српските емисари. Бројот на т.н. борци за македонската комунистичка држава се околу 1.000-1.500 луѓе, партизанските бази се претежно надвор од територијата контролирана од бугарските власти, администрацијата и армијата. Тие прават одредени вооружени акции, но без вистинско воено значење за промена на ситуацијата. Не станува збор за масовно учество и учество на голем дел од локалното население“.

Првиот бугарски амбасадор во Македонија смета дека треба да се омекнат учебниците во Македонија, формулациите, да се направат вистинските промени во учебниците.

Ако разговорите не одат, бидејќи тие се во политички контекст, ќе најдеме начин освен да зборуваме за минатото, да зборуваме и за иднината. И тие треба да бидат свесни дека без оваа самокритична анализа која ја очекуваме од нив и која е целосно оправдана, тоа не е желба за некаква безусловна капитулација на нашите колеги, европскиот пат на Република Македонија останува неизвесен. Таа нема да го добие нашето одобрување, ако се блокираат овие разговори“, заклучува шефот на преговарачкиот бугарски тим, пренесува мкд.мк .

4 Коментари

  1. Ајде на сите овие Грчки глупости, и овој Димитров тресе својата доктрина. Учебниците НЕМА да се менуваат!

  2. А комунистичката ДОГМА БУГАРШТИНИЗАМ на “новата бугарска единна социалистичка НАЦИJА”, создадена на пленум на ЦК на БКП во 1963г. и градена од оделите “историчка шпионажа”, “културна шпионажа”, “религиска шпионажа” на Државна Сигурност (БКП-партиска безбедност) со заполнување празната му содаржина со историiа, култура и духовност, градени со пот, солзи и крв во Македониjа од Македонци, шо ќе кажи другарот БКП-професор?!

  3. Целокупниот текст е тенденциозен,нереален и лош обид да се негира историјата на Македонија и Македонците.Тоа се гледа од фактот што најголемиот дел од текстот е посветен на докажување на Бугарските корени на Македонците и дека тоа е еден народ,а на пример,во текстот само две реченици се посветени на Втората Светска Војна,при што се минимизира и релативизира УЛОГАТА на Блгарија во истата како ФАШИСТИЧКИ сојузник и ОКУПАТОР.Бугарските историчари треба да се ПОСВЕТАТ на нивната историја и да се обидат да ни објаснат неколку работи поврзани со Блгарската историја.Можат да почнат од,на пример,по РАСПАЃАЊЕТО на кое царство(околу 560г.во новата ера)започнува да се употребува терминот ,,ВОЛГАРИ,, па потоа ,,БОЛГАРИ,, и на крај ,,БУЛГАРИ,, (и да ги објаснат тие термини).Да објаснат на која територија се простирала БЛГАРИЈА ,кога се зборува за така наречената,,Блгарија во старите граници,, кој бил ХАН Аспарух,каква и чија титула е ,,ХАН,,?Дали ,,национално,, знаме(на старите Блгари) им било КОЊСКА ОПАШКА и од каде потекнува?И сосема на крај дали Блгарските ,,историци,, некогаш слушнале за ГЕНЕТИКА и во колку проценти и со кој друг народ имаат најмногу ИСТИ или СЛИЧНИ генетски ,,материјал,,?.Поздрав и ,,сичко добре,, .

Comments are closed.