Димитров и Коѕијас одат во Брисел – дали со „северна“ ќе го решат името!?

Откако шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, не успеаја да се договорат во Њујорк, разговорите за разликата околу името ќе ги продолжат во Брисел, бидејќи министрите биле одлучни да најдат решение за 25-годишниот спор.

По ден и половина интензивни разговори, се чини дека на маса е враќа предлогот „Република Северна Македонија“ откако двете страни отфрлиле како неприфатливи по два предлога: Наводно, Македонија ги отфрлила Горна и Вардарска, а Коѕиас во име на Грција рекол дека од засега непознати причини за него не се прифатливи Нова Македонија, како и Република Македонија – Скопје.

„Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме“, рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри, како што пренесе МИА.

Нимиц најави дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека, иако се уште нема конечно решение, двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат.

„Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа“, оценил Нимиц.

Грчката страна инсистира новото име да биде за севкупна употреба, erga omnes, и бара гаранции во промена на македонскиот устав.

Македонската страна иотакна дека прифаќањето erga omnes важи само за предлогот „Илинденска“ Македонија -предлог кои го отфрлија повеќето грчки партии.

11 Коментари

  1. На секој еден во Македонија му е јасно дека проблемот и решение на проблемот со Името и ИДЕНИТЕТОТ не постои односно овој СПОР или тн. РАЗЛИКА нема решение. Само губата време!

  2. Нимиц: „Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение”, а КАКВА “важност” кога веќе ни КАЖАА СО НОН.ПЕЈПР од ЕУ, дека нема ништо од ЕУ!

  3. Ова е класична местенка! Со местенка нон-пејпер, подогтвен од Грчки пријатели, ГРЦИЈА врши дополнителен притисок врз Македонија за промена на ИМЕТО/ИДЕНТИТЕТ!

    • Со овој подмолен потег во ЕУ , нон-пејпер , Грција прави токму СПРОТИВНОТО од “посакувано” некое “решение”. Ги БЛОКИРА сите напори кон решение. Со закана НИШТО не се постигнува!
      Само ги одалечува Грција и Македонија!

  4. Услови во Њујорк биле:
    1. ЛАТИНИЦА,
    2. НЕПРЕВЕДЕНО.
    Заклучок: ПОЛОШО е вакво решение И ОД СЕГАШНОТО БЈРМ, кое сепак не е ЕРГА ОМНЕС, туку само за во ООН!
    И НЕМА ГАРАНЦИИ ЗА ЕУ!

  5. Не ми е јасно нешто. Толку ли се глупи и Заев и МНР и Рада и сите од СДСМ. Што беше со Илинденска Македонија?
    А да предложам јас Република Вмровска Македонија, со народ граѓани Вмровци.
    Ако некој не сака да биде Вмровец, па нека се исели од Република Вмровска Македонија.
    А политички систем ке биде еднопартиски, со единствена партија: ВМРО.
    СДСМ и шиптарите не ни требаат, нормално ако не станат ВМРО!

    • ЗАЕВ Е БОЛЕН ОД ОТСУСТВОТО НА ЛИЧЕН ИДЕНТИТЕТ И ТОЈ Е ЛАБИЛНА ЛИЧНОСТ КОЈА ПОСТОЈАНО МЕНУВА МИСЛЕЊЕ!
      Дијагноза на Заев е Биполарно пореметена личност.
      Биполарното растројство е психијатриска состојба дефинирана како повторувачки епизоди на значително нарушување на расположението. Овие нарушувања може да се случат во еден спектрум кој се движи од ослабувачка депресија до незауздана манија. Поединците кои страдаат од биполарно растројство вообичаено искусуваат флуидни состојби на манија, хипоманија или она што се нарекува мешана состојба поврзана со депресивни епизоди. Во основа, болеста се состои од две фази кои периодично се менуваат: манија (хиперактивност, восхитеност, радост, чувство на семоќ) и депресија.

    • https://republika.mk/920407
      Добри вести доаѓаат од САД: „Република ВИЦЕСТАН“ е најновиот предлог кој се нашол на масата меѓу преговарачите Никос Коѕијас и Никола Димитров кои под медијаторство на посредникот Метју Нимиц се сретнаа во Њујорк со цел да најдат ново креативно решение за промена на името на нашата држава.

      После отфрлањето на „Илинденска Македонија“ од грчка страна и навидум пропаднатите преговори, нов блесок на креативност дошол од македонските преговарачи предлагајќи да го промениме името во Република Вицестан, ерга омнес. Според македонската страна, ова име го заштитува нашиот идентитет како граѓани на државата на Вице, народот станува Виц, а официјален јазик ќе биде јазикот на парите, како и струмичкиот.

      Според правните експерти ова име суштински го брани и културниот идентитет на Вицевите Македонци, бидејќи ВИЦЕСТАН алудира на новиот бизнис-модел кој започнува да владее во Република Македонија, по трендот од Струмица во која секој кој ќе му подари зграда на Вице има право во неа да добие стан – принцип со кој Македонија станува се поблиска до земјите како Дагестан и Курдистан.

      Единствен ризичен момент е дали грчката опозиција ќе го смета и овој предлог за иредентистички, имајќи предвид дека Вице веќе има викендичка во Грција.

      Преговорите ги следиме во живо, останете со нас за најновите информации од Њујорк.

  6. ЕКСКЛУЗИВНО: Ова е новиот предлог за име на Република Македонија

    Новинар: ЕДЕН

Оставете Коментар