Откако шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, не успеаја да се договорат во Њујорк, разговорите за разликата околу името ќе ги продолжат во Брисел, бидејќи министрите биле одлучни да најдат решение за 25-годишниот спор.
По ден и половина интензивни разговори, се чини дека на маса е враќа предлогот „Република Северна Македонија“ откако двете страни отфрлиле како неприфатливи по два предлога: Наводно, Македонија ги отфрлила Горна и Вардарска, а Коѕиас во име на Грција рекол дека од засега непознати причини за него не се прифатливи Нова Македонија, како и Република Македонија – Скопје.
„Како што знаете имавме средба вчера и денеска, разговаравме еден и пол ден. Можам да кажам дека многу работевме. Прашањата се добро дефинирани, нивниот опсег е стеснет. Можам да кажам дека ова беа преговори на кои многу работевме“, рече Нимиц, по завршувањето на состанокот со двајцата министри, како што пренесе МИА.
Нимиц најави дека Димитров и Коѕијас заминуваат за Брисел каде ќе продолжи дијалогот и додаде дека, иако се уште нема конечно решение, двете страни се подготвени напорно да работат за да го најдат.
„Двете страни ја препознаваат важноста од постигнување решение и се одлучни да го сторат тоа“, оценил Нимиц.
Грчката страна инсистира новото име да биде за севкупна употреба, erga omnes, и бара гаранции во промена на македонскиот устав.
Македонската страна иотакна дека прифаќањето erga omnes важи само за предлогот „Илинденска“ Македонија -предлог кои го отфрлија повеќето грчки партии.