„И јас и мојот пријател Никос Коцијас сме убедени дека она што го правиме е инвестирање во нашето пријателство, бидејќи ние сме природни сојузници. Со правилна политика, за неколку години сите дилеми ќе исчезнат и сите ќе се прашуваме како тоа не беше сторено на почетокот на деведесеттите години и зошто оставивм цела една генерација да биде подложена на овој спор“ вели шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Независната балканска новинска агенција (ИБНА)

„Убеден сум дека договорот ќе бидат прифатен од нашииот народ бидејќи, кога сме на големи историска крстопати, ние правиме мудри одлуки. Исто така сум убеден дека дури и оние кои, од двете страни, се противат на договорот , од историска перспектива , ќе прифатат дека ова е важен чекор напред, бидејќи ќе има многу придобивки. Ние сме соседи, овој факт не може да се промени, историјата не може да се промени, но можеме да влијаеме на нашата иднина и да ја направиме подобра“

Во врска со реакциите во Грција за користењето на терминот „Македонци“ и „македонски“, Димитров рече дека „двете земји во Европа и во 2018 година може да се договорат за тоа, затоа што во Грција, кога се вели дека некој е македонец, тоа се однесува на старата хеленската култура и на локалниот (северната Грција) регион Македонија“, а кога се зборува за македонци во ниванта земја се мисли на нешто друго, рекол Димитров.

„Зошто е тоа проблем? Правото на самоопределување е нешто што не може да се оспори во 21 век во Европа“ вели Димитров. Според него, македонскиот јазик“ е јужнословенски јазик, и така се наведува во договрот.

Да потсетиме, пред два дена, гршкиот министер за одбрана Панос Каменос илидерот на опозицијата Кирјакос Мицитакис изјавија дека користењето на зборвите ;акедонец, македонски нација и јазик се провокација за грчкиот народ.

Каменос: Заев и Димитров го вознемируваат грчкиот народ

 

 

SHARE

Comments are closed.