Димитров контра татка си, за кој „името е основен елемент на Уставот“

Со сопствениот потпис на договорот Заев-Ципрас за преименување на македонската држава во Северна Македонија, министерот за надворешни работи Никола Димитров постапи спротивно на ставовите на неговиот татко Димитар од пред 25 години, сугерира во својот твит бившиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски.

„Таткото на Димитров реагираше кога 93та прифати БЈРМ: Името е основен елемент на Уставот. Ова е тешка уставна повреда, против волјата на народот. Владата го игнорира принципот на легалитет, правна држава, станува генератор на беззаконие и опасност за македонската нација“, напиша Милошоски на својот профил на „Твитер“, цитирајќи делови од коментарот на Димитар Димитров насловен „Владата против Уставот“ и објавен во магазинот „Дело“ на 14 мај 1993 година.

Димитар Димитров беше министер за образование и наука од 1991 до 1992 година и министер за култура 1998 до 1999 година, а во текстот ја критикува Владата на Бранко Црвенковски за прифаќањето на привременото име Бивша Југословенска Република Македонија заради членство во Обединети нации.

 

3 Коментари

  1. Во научните анализи од 1998 година за легалитетот при приемот на Македонија во ООН открино е кршење на Повелбата на Обеднинетите нации. Овој придонес бил објавен во списанието со највисок научен рејтинг во правните науки American Journal of International Law. Ставовите на Игор Јанев ги презентирал и македонскиот претседател Ѓорге Иванов на 67-то Генерално собрание на ОН во 2012 година, кога го искажал ставот дека при приемот на Македонија во ООН Република Македонија била условена со два дополнителни услови надвор од пропишаните според Поевелбата на ООН. Таквите дополнителни услови, посебни за македонскиот прием, се противни на Поевелбата на ОН (на член 4 од овој основен документ), според Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда (од Хаг) од 1948 година, во кој е искажан ставот дека за специфични услови надвор од општите пропишани во член 4, во време лимитирани, не смее да се гласа во ОН, ниту таквите услови можаат да бидат поставувани на кандидатот за прием. Ова Советодавното мислење на Мегународниот суд на правда од 1948 година беше прифатено и од Генералното собрание на ООН истата 1948, како толкување на член 4 на Повелбата. По откривањето на кршење на Повелбата на ОН при приемот на Република Македонија со нелеганите дополнителни услови, Игор Јанев предложил стратегија за решавање на проблемот со името во ООН, која имала два модалитета. Првиот модалитет подразбира дека уставното име се воспоставува со политичкиот приод преку Резолуција на Генералното собрание на ОН (ГСОН), каде поагајки од Советодавното мислење на Мегународниот суд од 1948, и од фактот дека Република Македонија ја поминала постапката во Советот на безбедност на ОН со искажан став дека општите услови за прием се исполнети, треба да побара продолжување на македонското членство во ОН под уставното име Република Македонија. Имено, прифакајки ги ставовите на Мегународниот суд од 1948, со простото мнозинство од присутните и кои гласаат во ГСОН (според модел од 1948.), Јанев покажа дека Македонија може да го продолжи членскиот статус во ОН под уставното име Република Македонија (заменувајки ја референцата односно деноминацијата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “). Вториот модел е правната варијанта во која Јанев предлага еден мегу чекор, а тој е поставување прашање од ГСОН до Мегународниот суд за правда, слично како 1947, за тоа дали се специфични услови за прием на Македонија во ОН дополнителни во однос на пропишаните во Повелбата. По добивање на Советодавното мислење на Мегународниот суд дека условите се дополнителни односно дека референцата “the former Yugoslav Republic of Macedonia “, и преговорите за името се нелегани, при прифакањето на таквото мислње од Генералното Собрание на ОН би било воведено во ОН и правото на Република Македонија да го користи своето уставно име (односно со резолуцијатата на ГСОН членството би било продолжено со уставното име Република Македонија). (Ставовите на Игор Јанев биле прифатени во научната периодика во светските научни списаниа. Покрај American Journal of International Law (AJIL) ставовите на Јанев биле објавени и во Review of International Affairs, Political Review и во друѓи мегународни списаниа.) види: https://mk.wikipedia.org/wiki/Игор_Јанев

Оставете Коментар