Димитров нема да му врати на Дачиќ за изјавата за Македонија

Никола Димитров нема да му врати на српскиот колега Ивица Дачиќ, на изјавата дека било грешка што Србија ја признала Македонија под уставното име.

„Мислам дека таквите изјави не помагаат особено. Ние сме министри на две земји, ги претставуваме двата народа, блиски народи. Имаме заедничка историја во Југославија, ќе бидеме заедно, се надевам во не толку далечна иднина во Европската унија и на некој начин нашата блискост не може ништо да ја расипе. Но, од нас зависи дали ќе има „пецкање“ и повремено „боцкање“ или ќе бидеме како браќа, рече Димитров во интервју за ТВ Н1.

Српскиот министер за надворешни изјавата ја даде на заедничката прес конференција со Никос Коѕијас во Белград.

1 Коментар

Оставете Коментар