Димитров: Скопје чека „зелено светло“ од НАТО

Шефот на македонската дипломатија е оптимист дека Скопје ќе добие одобрение за почеток на преговорите за членство со НАТО оваа недела, пишува „Катимерини“.

„Имаме големи надежи… а тоа се очекува да се случи оваа недела“, изјави Димитров за Ројтерс на маргините од состанокот на Западен Балкан во Лондон, наведувајќи дека „мора да сме подготвени да ги започнеме разговорите за пристапување“ .

Според истиот извор, Димитров исто така рекол:

„Финализацијата на договорот за името од наша страна ќе биде изградена преку процесот на НАТО“, пренесе „Катимерини“.