Димитров: Старт на преговори не значи пристапување во ЕУ

„Во тесен круг на експерти и новинари во Брисел“ шефот н македонската дипломатија одговарал на прашања за преговорите со Грција, како и за следните чекори на Македонија кон ЕУ, од свои извори дознава „Телма“.

Министерот притоа нагласил дека почеток на преговори е различно од пристапување во Унијата.

„Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ, Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите“, рекол Димитров како што дознава „Телма“.

Димитров додал дека „имаме искуства со земји што почнале преговори, а потоа се најдоа блокирани. Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева“ пренесува „Телма“.

Според сознанијата кои најпрво ги објави „Expres.mk“, на 28 јуни се очекува премиерот Зоран Заев да биде поканет на самитот на ЕУ каде официјално ќе добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ, а многу е веројатно на 11 јули и покана за НАТО.