Димитров: Тие што не гласаа на референдумот не постојат

Се бројат гласовите само на тие што гласале и според тоа, референдумот е успешен, прогласи Министерот за надворешни работи и потписник на договорот од Преспа, Никола Димитров.

„Ако од над 650.000 граѓани кои гласале, над 600.000 гласале „ЗА“, тоа е очигледен политички мандат Македонија да оди напред. Поголем од било која претходна победа на било која политичка партија. Дури и да имаше еден милион излезени гласачи (далеку над цензусот) пак мнозинската волја на народот ќе беше јасно изразена. Можат да се бројат само гласовите на оние кои гласаат. Сега останува да се послуша таа народна волја од страна на пратениците во Собранието, согласно програмата на опозицијата каде впрочем се зборува за мнозинство гласови од тие кои гласале. Им должиме на граѓаните иднина! И ќе ја обезбедиме, вака или така!“, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук, без да објасни што значи „вака или така“.

5 Коментари

  1. Постојам и покрај тоа што бојкотирав. На првиот референдум на 8 септември 1991 излезноста беше 75,72%. Сега е 36,87. По логиката на Димитров и другите следбеници на меѓународната банда (заедница) против сега биле 38,85%. Со напомена дека и тогаш имаше бојкот, од Албанците, инаку излезноста ќе беше поголема од 75,72%. Тој референдум меѓународната заедница не го призна веднаш, а овој го призна пред резултатите да станат званични.

  2. Е, ова тутабугарчево е начисто забегано. Не ќе да е лошо да оди на лекар.
    Како бре не постоиме дибек еден?
    Ако не постоиме значи дека нема и не треба да ги почитуваме законите и институциите на државата, нема полиција, нема суд, нема ништо нема УЈП значи не плаќаме даноци и други давачки па да видиме од кого ќе крадеш, кога ќе нема кој да го полни буџетот!!! (од каде 40.000 евриќи за керкати ако не постоиме нема 40.000.000 евриќи)
    Инаку мене ми одговара и да не постојам, барем кога се во прашање квислинзиве, а за Македонија секогаш ќе постојам. Шо убо би било да не ја глеам фацата на овој суртук-квислинг, е тоа ќе биде празник за мене и за Македонија!

Оставете Коментар