Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ извадени од контекст (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека зборовите Македонците се нација со комплекс во негово обраќање од собраниска говорница биле извадени од контекст.

Во емисијата 360 степени на Алсат М министерот објаснува:

„Таа реченица почнува кога завршува претходната каде велам ваш колега пратеник дебатирајќи во 2010 година рекол дека со проектот “Скопје 2014” ние за прв пат градиме македонски идентитет…  Во светот каде што прв пат се гради македонски идентитет во 2010 година копајќи 2000 години наназад тоа е проекција на комплекс на инфереиорност.Не сме ние сигурни и не сме доволно горди со тоа што сме, туку ни требаат подлабоки корења и така натака“ , објасни Димитров.

Димитров: Срам ми е да ве слушам!

SHARE

2 Коментари

  1. Димитров во еден момент се отпуштил и кажа она што стварно го мисли во форма СЕ СРАМАМ ОД ВАС односно нас Македонци. Со ова покажа дека:
    1. Не владее со себе и со своите зборови те. дека е НЕПРЕСМЕТЛИВ ПСИХИЧКИ!;
    2. Тој всушност ги МРАЗИ сите Македонци и СЕ ШТО Е МАКЕДОНСКО, ова има патолошка димензија!
    Потсвесно да се мрази сопствената нација и народ укажува на тоа дека ДИМИТРОВ треба да побара психијатријска помош!
    Да се потсетиме. Само пред неколку години Димитров имаше ултра-националистички ставови, но сега од еднаш ги смени во авто-шовинизам!
    Заклучок: Димитров е тежок психијатријски случај.
    Совет: Задолжително лекување од напади на депресија и биполарно растројство!

Оставете Коментар