Диогарди: Охридскиот договор е мртов поради Ахмети

Поранешниот американски конгресмен Џозеф Диогарди во интервју за косовската телевизија КТВ го посочи Али Ахмети како главен виновник за „смртта“, како што вели, на Рамковниот договор од Охрид.

„Да ви дадам еден пример: Охридскиот договор. Посредуван од ЕУ, гарантиран исто така од САД. Каде е тој сега? Во ѓубре! Бидејќи одеднаш, поради политичките калкулации на албанските претставници, почнувајќи од Али Ахмети, во последниве 15 години, кои го испуштија Охридскиот договор од раце, тој е мртов, ако можам така да кажам. И сега тие сакаат да ѝ стават ново име на македонската држава што ќе ги задоволи сите освен Албанците. Илинденска Македонија. Како Албанците да не постојат. Нели е така? Значи, не можете да им верувате на Словените. Не може да ѝ се верува на Русија. Таа сè уште го бара своето влијание на Балканот и верувале или не, во Македонија има злосторства со Груевски. Знаеме дека сега тој не е таму, туку Заев, но Груевски не е во затвор, а требаше одамна да заврши во затвор. Многу Албанци беа затворани. Тие беа убивани за политички цели и ова е погрешно. Кога ќе видите што се случува со мнозинството Словени или барем со словенското население што ја контролира Македонија, како би можеле да им верувате на Србите? Тие се најлошиот дел од словенскиот свет!“, рече контроверзниот основач и претседател на Албанско-американска цивилна лига, повлекувајќи паралела со актуелните преговори меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ.

 

1 Коментар

Оставете Коментар