Директорот на Интерпол на „распит“ во Кина

Кинеските власти соопштија денеска дека го испитуваат претседателот на Интерпол Менг Хонгвеј за наводни прекршувања на законот, пренесе Ројтерс.

„Менг Хонгве, заменик-министер за јавна безбедност на НР Кина, е осомничен за кршење на законот. Во моментов државниот комитет за надзор го проверува“, објави Централната комисија за дисциплинска инспекција на кинеската Комунистичка партија.

Според кинескиот „Саут Чајна морнинг пост“ Менг Хонгвеј е во Кина и е под истрага. Тој беше уапсен и однесен на распит веднаш штом пристигна во Кина на 29-ти септември.

Менг беше прогласен за исчезнат, откако заминал од Франција (каде е седиштето на Интерпол) за Кина, потсетуваат агенциите.

Неговата сопруга беше ставена под полициска заштита по добивањето на закани, цитира Ројтерс.

Оставете Коментар