Дизелот од вечерва 2 денари „нагоре“

Регулаторна комисија за енергетика ги соопшти новите цени на бензините и дизелот кој стапуваат на полноќ.

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемуваат за 1 денар и ќе чинат 74,50 односно 76,50 денари за литар.

Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 односно 2,5 денари и ќе се продаваат 69 односно, 58 денари за литар.