Ромите ќе сочинуваат 22 отсто од населението во Бугарија до 2030 година, покажува новата студија нарачана од Фондацијата Фридрих Еберт, презентирана професорите. Д-р Надежда Илиева и доц. Георги Бардаров, од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“.

За 10 години бројот на Бугарите се намалил за 1 милион, пренесува бугарска Nova TV.

Според официјалните податоци, бројот на Ромите е 325.000, а неформално тој е три пати поголем и се очекува до 2030 тие да бидат 1.2 – 1.3 милиони или 22 отсто од населението.

Истражувањето, исто така, покажува дека 60 отсто од бугарската територијадо 2030  ќе стане таканаречена „демографска пустина”.

Речиси половина од Бугарите ќе живеат во 6 градови – Софија, Пловдив, Варна, Бургас, Русе и Стара Загора.

Денес, нема луѓе на возраст под 16 години во 20 отсто од селата, а според предвидувањата, до 2030 година тој процент ќесе удвои.

SHARE

Оставете Коментар