До 9 часот гласале 2,45 % граѓани, според 71% обработени податоци

Државната изборна Комисија соопшти дека до 9 часот, од обработените податоци од 71,53 отсто од избирачките места, гласале 2,45 отсто граѓани.

Портпаролката на ДИК Љупко Гугучевскасоопшти дека биле поднесени три приговори од граѓани затоа што не биле запишани во изводите од Избирачкиот список.

Еден од приговорите е одбиен како неоснован поради поништено живеалиште од страна на МВР. Вториот граѓанин немал важечки документ за лична идентификација, додека третиот пријавата за гласање во странство не била доставена до ДИК, пренесе Телма.

Оставете Коментар