Градоначалникот на Ново Село кој  беше фатен во шверц на 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница, до крајот на годината ќе се врати на функција откако му беше скратена казната од 18 на 6 месеци затвор.

Според член 54 од Законот за локална самоуправа мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.

Апелацискиот суд во Штип одлучи казната затвор од 18 да ја намали на шест месеци. Скратување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот. Сите тројца имаат по три месеци затвор и наскоро ќе бидат на слобода.

Стојчев претходно на два пати бил осудуван….

Градоначалникот нa Ново Село фатен во шверц со цигари

 

SHARE

Comments are closed.