Добра вест за десетици илјади македонски граѓани во Германија

Одлична вест за десетици илјади македонски граѓани кои што живеат во Германија а немаат тамошни возачки дозволи.

Во вторник ќе биде потпишана Заедничка декларација меѓу Министерството за внатрешни работи и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Сојузна Република Германија за признавање и замена на возачки дозволи, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својата Фејсбук страница.

Со оваа декларација Македонците кои живеат во Германија нема да плаќаат и до 2000 евра за полагање за германска возачка дозвола затоа што досега македонските не беа признати подолго од 6 месеци.