Претседателот на Собранието Талат Џафери вели не е проблем наредната недела да ја закаже собраниската седница за изборот на Државна изборна  комисија.

Но тоа ќе го стори само доколу до него пристигне предлог листата со кандидатите од  Комисијата за избори и именувања, изјавил Џафери на „Канал 5“.

Од СДСМ обвинија дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го кочи формирањето на ДИК.

„Процесот е закочен затоа што со комисијата заседава пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.  Го охрабруваме да ја почне комисијата се со цел да се избере ДИК, има работни групи кои разговараат доколку има финален став ќе ви соопштиме. Останува да видиме како ќе постапува Талат Џафери“, рече пратеникот Костадин Косадинов СДСМ.

Лидрот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вели дека неговата прво  бара да се донесат законите за финансирање на политичките партии и за влада, па дури потоа да се решава составот на ДИК, пренесе „Канал 5.

Без гласовите на најголемата опозициска партија изборот на ДИК не може да се изврши затоа што е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието. „А без ДИК не може да се органзира и спроведе референдумот“ оценува „Телма“.

Досега сите партии со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ ги утврдија своите канидати. Тројца се до СДСМ и по еден од ДУИ и заеднички од БЕСА на Касами и Алијансата на Албанците.

Оставете Коментар